
Раководството на Фудбалската федерација на Македонија на еден од терените од тренинг центарот „Петар Милошевски“ одржа состанок со раководните луѓе на десетте клубови од Прва македонска фудбалска лига.
Претставниците на Вардар, Силекс, Шкендија, Ренова, Македонија Ѓ.П., Шкупи, Академија пандев, Работнички, Борец и Струга Трим Љум беа присутни на состанокот со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски, заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу и претседателот на натпреварувачката комисија, Игор Франговски.
Состанокот имаше консултативен карактер во однос на начинот и предлозите за завршување на прекинатата натпреварувачка 2019/2020 сезона од Прва МФЛ.
Конечна одлука за натпреварувачката сезона, ФФМ заедно со клубовите ќе донесе на нов состанок во најскоро можно време откако ќе ги добие препораките и мерките од протоколот за одржување тренинзи и одигрување натпревари од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19.
На денешната средба претставниците на прволигашите се согласија дека поради органичената временска рамка нема услови да се одиграат сите преостанати натпревари до крајот од тековната сезона (13. натпреварувачки кола и ½ финале и финале од Купот на Македонија). По добивањето на протоколот за заштита од Корона вирус CoVid-19, федерацијата и клубовите ќе излезат со заеднички став околу евентуалното продолжување на првенството во скратен формат или целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020.
Фудбалската федерација на Македонија, веќе е во процес на изготвување на протокол за одржување на тренинзи и одигрување на натпревари во услови на Корона вирус CoVid-19 и истиот ќе го презентира пред надлежните здравствени институции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
