
Многу врева се крена околу ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите, кој беше повторен поради техничка грешка.
„По технички проблем со софтверот на надворешен давател на услуги, кој им дава инструкции на службените лица кој клуб со кој клуб може да игра, дојде до материјална грешка при ждребот за осминафиналето на Лигата на шампионите“, соопшти УЕФА, а многу клубови реагираа.
Најжесток од сите беше Реал Мадрид, кој потоа како ривал го доби ПСЖ, а некои клубови, кои исто така поминаа полошо во вториот обид за извлекување, незадоволно ја коментираа целата ситуација.
Меѓу тие клубови беше и Ливерпул, кој првично го доби Салцбург за ривал, а по повторениот ждреб налета на потежок ривал – Интер.
Сепак, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше еден од ретките кои позитивно ги коментираа овие настани.
„Првиот ждреб го гледав во живо и веднаш кажав дека нема шанси да остане вака. Сепак се работи за Лигата на шампионите. Оваа година првпат бев на „Сан Сиро“ кога игравме против Милан во групата. Сега повторно ќе одам на тој култен стадион. Да, добивме тежок противник и знам дека ќе имаме големи проблеми да се пласираме во четвртфиналето. Но, таква е конкуренцијата. Лесен противник, не можевме да добиеме, а ќе играме против најсилниот италијански тим во овој момент“, изјави Јирген Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
