
Ливерпул доживеа шокантен пораз против Наполи (4-1) на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. Веќе по првиот дел тимот на Јирген Клоп имаше негатива од три гола, а Виктор Осимен не реализира и пенал за Наполи.
Сепак, Јирген Клоп не стравува од отказ, како што тоа му се случи на Томас Тухел во Челси.
„Не сум баш во иста таква ситуација. Нашите сопственици се смирени, очекуваат да ја решам оваа ситуација, а не тоа да го направи некој друг“, изјави Клоп.
На Германецот му е јасно дека многу работи во неговиот тим не функционираат најдобро.
„Проблемите беа очигледни. Мојата работа сега е да откријам зошто не ни оди добро. Ова не е прв пат да не играме добро, а знаеме дел од причината, но навистина мислам дека можевме да одиграме многу подобро. Ова е моја одговорност, Наполи одигра многу добар натпревар, а ние одигравме многу лош натпревар. Зошто бевме лоши? Поради стартот, пенал, па наскоро нов пенал. Не е лесно да се игра во оваа атмосфера, а ние загубивме многу топки затоа што бевме далеку од ривалите“, објасни Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski