
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше критичен кон играта на тимот во првите 45 минути од победата од 2-0 над Евертон во градското дерби од 34. коло на Премиер – лигата. Енди Робертсон го отвори резултатот во 62. минута, а Дивок Ориги погоди во 85. минута и го постави конечниот резултат.
„Фала му на бога што има две полувремиња во фудбалот. Во првото не одигравме баш најдобро. Нашиот противник не измори, не можевме да ја совладаме нивната одбрана, ни недостасуваше движење. Не бевме доволно брзи, се обидувавме да додаваме таму каде што имаше девет играчи на противникот. Но, очекувавме ваква игра од Евертон. Бројот на нашите победи во последните месеци е едноставно нереален, па не можам ништо да им замерам на фудбалерите“, изјави Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
