
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува жестока пресметка со Интер во осминафиналето од Лигата на шампионите. Утре се игра првиот дуел во Милано.
„Ова е еден од оние натпревари кои секако би ги гледал на телевизија да не сум на стадионот. Ова треба да биде Лигата на шампионите. Многу се зборува за промени или реформи, но вечерва ќе ги гледаме Реал Мадрид против ПСЖ и Спортинг против Манчестер Сити, а утре Ливерпул против Интер. Ова е елитен фудбал“, истакна Јирген Клоп.
Менаџерот на Ливерпул има само пофални зборови за ривалот Интер.
„Ни претстои дуел со исклучително силен тим. Италијанците се добро организирани и обучени, покажувајќи ја потребната генијалност на теренот и имаат добри индивидуалци. Треба да играме на највисоко ниво за да имаме шанса, а јасно е дека ќе решат најмалите нијанси. Разликата меѓу Интер и Барнли е огромна во некои аспекти, но сепак е тоа фудбал. Интер е врвен, врвен, ривал со врвни играчи и врвен менаџер. Со нетрпение чекам да го видам Иван Перишиќ, со него освојувавме трофеи во Борусија Дортмунд“, истакна Јирген Клоп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
