Connect with us

Клоп: Го разбирам Чаби Алонсо зошто не доаѓа во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на прес-конференција пред натпреварот со Брајтон изјави дека ја разбира одлуката на Чаби Алонсо да остане на чело на германскиот клуб Баер Леверкузен.
Шпанецот има договор со „аспирините“ до летото 2026 година, но во последните месеци се зборуваше дека тој би можел да го преземе Ливерпул по заминувањето на Клоп.


„Можам да кажам многу убави работи за еден млад менаџер кој работи добро и има успех со тимот. Го направив речиси истото, останав толку долго, и никогаш не зажалив за тоа. Чаби прави неверојатна работа. Леверкузен има одличен тим и тие веројатно ќе се обидат да го задржат тимот. Не знам колку пати сте го гледале Леверкузен, но тие се навистина импресивни. Тој не само што изгради тим во текот на минатата година. Тој изгради менталитет“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул продолжува да го бара наследникот на Клоп кој од следната сезона би го преземал кормилото на „црвените“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови