
Шампионот на Фарски Острови, Класквик, стигна до нова сензација пласирајќи се во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Класквик го елиминирајќи Ференцварош во претходното коло, а сега успеа да биде посупешен и од шведскиот тим Хакен.
Фудбалерите на Клаксвик беа подобри при изведување пенали, откако по продолженијата мечот заврши 3-3. По првиот меч беше 1-1, па падна и Хакен. Во следната рунда шампионот на Фарски Острови ќе игра против Молде, а дури и да не успее да помине понатаму, има загарантирано место во групите од Конференциската лига.
Галатасарај го победи Жалгирис со 1-0 во Истанбул, со прекрасниот гол на Дрис Мертенс. Првиот меч во Литванија заврши 2-2.
Сервет се пласира во третото квалификациско коло на ЛШ откако беше подобар од Генк. И овој дуел се рфешаваше на пенали. На првиот меч немаше победник (1-1), вечерва беше 2-2, а гостите беа подобри и славеа со 3-4 при изведувањето пенали.
Понатаму одат и Макаби Хаифа, Копенхаген, Динамо Загреб и Раков.
Молде го елиминира Хелсинки совладувајќи го со 2:0, по поразот од 0:1 на првиот меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal