
Македонскиот репрезентативец Јован Манев беше стартер во тимот на Адана Демирспор која оствари убедлив триумф (5-1) против Осијек во квалификациите за Конференциската лига. Турскиот тим е на чекор до пласман во плеј-офот од ова натпреварување, иако следи и реванш во Хрватска.
Шериф Ндаје беше двоен стрелец, а погодија и Свенсон, Сари и Јусуф, а единствениот гол за Осијек го постигна Гржан. Во 80.минута Нани не реализира пенал за Адана.
Милан Ристовски влезе во игра како замена во 68.минута за Спартак Трнава на гостувањето кај Лех Познањ. Полскиот тим славеше со 2-1.
Партизани Тирана, каде настапуваат Давид Атанасковски, Беким Реџепи и Сабит Биљали, на гости ја победи Валмеира со 1-2. Плзен со 4-0 славеше против Гзира. Фенербахче го победи Марибор со 3-1.
Од останатите резултати, Ференцварош оствари убедлива победа (1-6) на гости кај Хамрун во Малта, а белгискиот Клуб Бруж со 5-1 го победи исландскиот претставник Акурејри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
