Кристал Палас успешно ја стартуваше одисејата во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА, победувајќи го Динамо Киев со 0-2. Натпреварот беше решен во 31. минута, кога Муњоз по додавањето на Пино го отвори резултатот. Во второто полувреме, Пино повторно асистираше, а Нкетиа ја зголеми предноста на англискиот тим.
Најубедлив беше Зрињски, кој пред својата публика го совлада Линколн со 5-0. Головите ги постигнаа Билбија, Дујмовиќ и Јаковљевиќ во првиот дел, а Дамаскан и Микиќ во вториот. Македонскиот фудбалер Дарко Велковски го следеше мечот од клупата за резерви.
Блертон Шеји, поранешен младински репрезентативец на Македонија, запиша асистенција во ремито на Дрита против Купс во Финска (1-1), кога во 80. минута Алберт Дабикај израмни.
Лех лесно славеше против Рапид во Познањ со 4-1, додека Ријека загуби на гостувањето кај Ноах со минимални 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













