Бодо дури по продолженија успеа да обезбеди пласман во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА. Сампстед во 105.минута постигна гол за 2-2, што беше доволно за норвешкиот тим да го елиминира АЗ Алкмар. Во регуларниот тек од мечот, холандскиот тим победи со 2-1 и ја анулира предноста од првиот меч. Но, на крајот сепак Бодо оди понатаму.
ПСВ Ајндховен со 0-4 го декласира Копенхаген на гости и убедливо го трасираше патот кон следната фаза. Еран Захави беше двоен стрелец, а погодија и Марио Геце и Мадуеке.
Олимпик Марсеј и во реваншот го совлада Базел со 2-1. Ченгиз Ундер и Валентин Ронгие беа стрелци на головите за францускиот тим.
Рен со 2-1 го совлада Лестер, но англискиот тим имаше предност од два гола по првиот меч што му го отвори патот во следната рунда од ова натпреварување.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski