Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, наводно се сретнал со Џорџо Кјелини и дефанзивецот може да го напушти тимот на крајот од сезоната, известува “Ла Газета дело Спорт”.
Договорот на Кјелини истекува во јуни и според извештајот, италијанскиот репрезентативец се очекува да биде вториот фудбалер по Џанлуиџи Буфон кој ќе си замине од Торино ова лето. Но, додека искусниот голман може да ја продолжи кариерата во Италија, Кјелини може да се пресели во Америка и да се придружи на некој тим од МЛС – лигата.
Сепак, не се споменува ниту еден специфичен клуб, но се верува дека американската лига е можна дестинација за 36-годишниот ветеран. Капитенот на Рома, Един Џеко исто така неодамна беше поврзуван со преселба во МЛС – лигата, каде што, наводно, ЛА Галакси е заинтересиран за неговите услуги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













