Connect with us

Кит Го засилен со четворица фудбалери од Брегалница

Подготвувајќи се за новата сезона во Втората лига – Исток, ФК Кит Го сериозен акцент става и на максимално комплетирање на играчкиот кадар, креирајќи повторно респектабилен тим.

Водени и од амбицијата за подмладување на играчките редови и шанса за талентирани млади фудбалери од регионот, со самиот старт на подготовките за новата сезона ангажирани се четворица фудбалери кои доаѓаат од редовите на Брегалница.

Ново име во редовите на Кит Го е 21-годишниот голман Мартин Давков кој минатата сезона беше дел од првиот тим на штипска Брегалница. Од првиот тим на Брегалница доаѓа и 19-годишниот фудбалер од средниот ред, Марио Рунтев. Рунтев минатата сезона, покрај настапите за првиот тим, настапуваше и за младинската екипа на Брегалница притоа постигнувајќи 13 гола на 10 натпревари.

Нови фудбалери на Кит Го во новата сезона ќе бидат и досегашните членови на младинската екипа на штипските „сини“, 18-годишните Александар Алексов и Никола Митев кој е еден од најзаслужните за промоцијата на младинците на Брегалница во Суперлигата на Македонија.

„Водени сме од желбата за креација на тим комбиниран од искуство и младост. Во тимот и за новата сезона остануваат Ступиќ, Алексовски, Димовски, Најдов, Христов, Дујовски, Андонов, Тони Мичковски…, со што се задржува костурот на тимот а дополнет со исклучително талентирани млади фудбалери, големи надежи на нашиот фудбал кои ќе добијат сериозна шанса“ – вели шефот на стручниот штаб Емил Грнев, кој сега има и нов член во својот стручен штаб, Иван Варадиновски.

Од Кит Го, по крајот на сезоната, заминаа младинскиот репрезентативец Анџело Николовски, кој по позајмицата повторно се врати во Брегалница. Во Брегалница се преселија и Александар Пановски и Бојан Ѓоргиевски. Завршена е соработката и со Бојан Рајков.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови