Македонскиот второлигаш Кит Го на 11. јануари ќе ги стартува зимските подготовки во пресрет на продолжението од сезоната во Втората лига – Исток. Шефот на стручниот штаб, Емил Грнев, првата прозивка ќе ја одржи на 11. јануари, а веќе се договорени и пет пријателски натпревари.
Контролите на Кит Го ќе стартуваат со пресметката против Брегалница на 23. јануари. На 30. јануари е закажан дуел со Кожуф, на 6. февруари ќе ги одмери силите со Осогово, на 13. февруари со Брегалница Делчево, а генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 20. февруари против Тетекс.
Кит Го првиот натпревар од пролетната сезона го игра на 27. февруари против Слога во Виница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













