
За продолжението од сезоната во Втората лига – Исток стручниот штаб на Кит Го нема да смета и на голманот Горан Пашовски и десниот бек Никола Ристевски со кои е завршена соработката.
Ристевски кариерата ја продолжува во велешки Борец, а искусниот голман Пашовски, според најавите, ќе ја заврши својата кариера во битолски Пелистер.
Од обврските претходно беа ослободени и голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов.
Две досега нови имиња во составот на Кит Го се Тони Мичковски, кој пристигна од Брегалница, и младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal