Кит Го го договори и вториот противник за време на подготовките во Анталија со романската екипа Универзитатеа Крајова.
Фудбалерите на Емил Грнев натпреварот против тимот од Романија ќе го одиграат на 7. февруари.
Кит Го на 2. февруари заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Првиот противник на подготовките во Анталија е романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар, а потоа следи дуелот и со Универзитатеа Крајова.
Претходно Кит Го ќе одигра пријателски средби и со Кожуф на 25. јануари а потоа и со Беласица на 31. јануари во Дојран. Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.
По крајот на есенскиот дел од Кит Го заминаа Горан Пашовски, Никола Ристевски, голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов. Две нови имиња се Тони Мичковски, кој пристигна од Брегалница, и младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













