
Кит Го обезбеди место во осминафиналето од Купот на Македонија, откако во 1/16-финалната пресметка славеше против членот на Втората лига – Запад, ФК Скопје, со 2-1 (1-0).
Фудбалерите на Емил Грнев на натпреварот кој се играше на Градскиот стадион во Штип, беа подобар тим на теренот сосема заслужено славејќи против скопјани. По почетните минути на испитување на силите, Кит Го до предност од 1-0 дојде во 23. минута со погодокот на Владимир Дујовски. Прекрасна акција која на средината од теренот ја почна младиот Марио Рунтев, проигрувајќи го Дујовски кој од 12 метри одлично стрелаше во противничката мрежа.
Во второто полувреме, гостите почнаа далеку поагресивно кон голот на Мартин Давков, па успеаја да го израмнат резултатот на 1-1 од пенал со голот на Иво Јанакиевски.
Сепак, во 66. минута извонреден гол на Рунтев. Доби топка на 16 метри и прекрасно шутираше за водство од 2-1.
До крајот фудбалерите на Кит Го само рутински ја одржуваа предноста, не дозволувајќи гостите да создадат посериозна шанса за израмнување.
Резултати Куп на Македонија, 1/16 – финале
Гостивар – Тиквеш 5-0, Македонија ЃП – Победа 0-0 5-4, на пенали), Охрид – Ренова 0-4, Пелистер – Љуботен 4-0, Росоман – Беласица 1-5, Саса Каменица – Борец 2-2 (3-1, на пенали), Силекс – Тетекс 3-0, Слога Виница – Шкупи 1-2, Велешта – Кожув 1-2, Велазерими – Работнички 0-0 (3-4 на пенали), Кит Го – ФК Скопје 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
