
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, кој е член на украинскиот клуб Ворскла, има право во вонредниот преоден рок кој го овозможи ФИФА за странците од Украина и од Русија, е цел на унгарскиот прволигаш Кишварда. Раководството на овој клуб сака да го откупи неговиот договор од Ворскла, но за тоа ќе треба да се сложи и украинскиот клуб.
Доколку тоа не се случи, тогаш Зајков ќе може да замине на позајмица до крајот на сезоната, а потоа, откако ќе бидат овозможени услови за продолжување на првенството на Украина, да се врати во тимот на Ворскла.
За Ѓоко Зајков има интерес од клубови од Бугарија, Албанија и од Србија, како и од македонски клубови кои би го приклучиле во тимот до крајот на сезоната. Славија Софија, Динамо Тирана и Војводина се заинтересирани да го доведат на позајмица, како и Шкупи и Академија Пандев. Сепак, тој во Македонија веројатно би се вратил на позајмица само во Работнички во овој момент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
