Киран Тирни ќе го пропушти последниот натпревар на шкотскиот национален тим од групната фаза на ЕВРО 2024 поради повреда, добиена за време на мечот од група против Швајцарија, кој заврши нерешено 1-1 во средата.
Во 61. минута од натпреварот, 27-годишниот дефанзивец на Арсенал беше изнесен на носилки поради повреда на препоните.
„Тој е исклучително разочаран. Многу брзо ќе стане јасно колку сериозна е неговата повреда. Се враќа дома за да биде лекуван од медицинскиот тим на Арсенал. Ова е лошо за нас, бидејќи ни требаат нашите најсилни фудбалери. Сега некој друг ќе добие шанса да се истакне во решавачкиот натпревар“ изјави Џон Карвер, асистент во тимот на Шкотска.
На 23 јуни Шкотска ќе се соочи со Унгарија во Штутгарт. „Гајдаџиите“ можат да продолжат во осминафиналето со победа во овој натпревар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













