
Ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих,мораше долго да паузира по инфекцијата со коронавирус. Неодамна доби Ковид-19, а потоа следеа проблеми со белите дробови што го оневозможија да тренира.
Кимих беше еден од главните антивакцери, но по се што му се случило сепак одлучи да ја прими вакцината.
„Можеби требаше да го поминам она што го поминав. Посакувам порано да ја донесов одлуката за вакцинација. Долго ги разгледував ризиците меѓу болеста и вакцинацијата. Мислев дека ќе бидам сигурен ако се придржувам до сите мерки. Поради постојаното тестирање мислев дека нема да бидам опасност за другите“, вели Кимих.
Тој тврди дека решил да се вакцинира пред да биде позитивен.
„Веќе имав закажан термин за вакцинација. За жал, вирусот го добив пред тоа. Не беше пријатно. Бев во карантин две недели. Се надевав дека ќе имам благи симптоми и нема да има значителна здравствена штета. Не можам да одработам посилни тренинзи во моментов бидејќи би можел да имам посериозни последици. Ова е многу тежок период за мене. За среќа немав тешки симптоми. Ги изгубив мирисот и вкусот, а се покажаа одредени проблеми со белите дробови и морав да направам дополнителна пауза“, истакна германскиот репрезентативец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski