Connect with us

Кимих го одведе Баерн во полуфиналето, Сити и Реал ќе играат продолженија (ВИДЕО)

Баерн Минхен е третиот полуфиналист во Лигата на шампионите откако го совлада Арсенал на „Алијанц арена“ со 1-0, доволно по ремито (2-2) на првиот меч во Лондон за да биде дел од четирите најдобри екипи во елитното европско натпреварување. Стрелец на победничкиот гол за Баерн беше Џошуа Кимих во 64.минута од дуелот.

Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе играат продолженија, откако мечот на „Итихад“ заврши 1-1, по оние 3-3 на „Бернабеу“.

Родриго во 12.минута донесе предност за Реал Мадрид, кој беше во инфериорна улога во најголемиот тек од натпреварот. Сепак, „граѓаните“ долго се мачеа да стигнат до израмнување, Халанд ја погоди гредата во првото полувреме, но погодокот за 1-1 беше дел на Кевин де Бруин во 76.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови