Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е хоспитализиран. За тоа информираше клубот преку официјално соопштение.
Францускиот репрезентативец има „силен гастроентеритис“ и е под лекарски надзор. Во наредните часови ќе му бидат направени различни тестови, додаваат од Реал.
„Нашиот фудбалер Килијан Мбапе има гастроентеритис и е хоспитализиран заради различни тестови и третман“, се наведува во краткото соопштение на клубот.
Мбапе го пропушти првиот натпревар на Реал Мадрид на Светското клупско првенство против Ал Хилал (1-1). Тој не учествуваше ниту на некои од тренинзите на „кралевите“ во САД токму поради здравствените проблеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













