Connect with us

„Киксерот“ на Ливерпул ќе го засили Њукасл

Лорис Кариус е многу блиску до потпис за Њукасл. Со оглед на тоа дека е слободен играч, 29-годишниот голман може да потпише договор и надвор од преодниот рок. Тој треба да ги мине лекарските прегледи и ќе потпише краткорочен договор со англискиот премиерлигаш.


Од минатата година Њукасл е во сопственост на саудиски инвестициски фонд кој располага со 320 милијарди фунти, што значи дека е најбогатиот клуб во светот. Кариус треба да биде замена за првиот голман Ник Поуп, бидејќи се повреди досегашниот втор голман Карл Дарлоу.

Кариус е запаметен по финалето на Лигата на шампионите во 2018 година. Германецот потоа направи две големи грешки и му подари голови на Реал Мадрид, кој на крајот го освои трофејот.

Ливерпул потоа го доведе Алисон Бекер и го испрати Кариус на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин. Од јуни тој е слободен играч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови