
Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, се соочува со семејна драма откако во Колумбија се киднапирани неговите родители. Две непознати лица кои биле на мотор, ги киднапирале на бензинска пумпа, а мотивот сигурно е изнуда на пари од познатиот фудбалер.
Силенис Маруланда и Луис Мануел Дијаз, мајката и таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз се киднапирани откако биле нападнати на бензинска пумпа во градот Баракас, во Колумбија.
По полициската акција, мајката е спасена, но таткото и натаму е заложник во рацете на киднаперите. Веста за спасувањето на мајката на фудбалерот ја пренесе лично претседателот на Колумбија, Густаво Петро, што јасно отсликува дека ова е случај што ја потресе целата нација.
Семејството на Луис Дијаз претходно добило информации дека родителите можат да бидат киднапирани и им било препорачано да го избегнуваат својот дом на село, но тие не послушале и заминале.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
