
Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Хари Кејн, ги демантираше шпекулациите дека ова лето има намера да се врати во Премиер – лигата. Еден од главните мотиви што се споменуваше за негово евентуално враќање беше амбицијата на напаѓачот да го собори легендарниот рекорд на Алан Ширер за најмногу голови во Премиер лигата – 260.
Хари Кејн во моментов има 213 погодоци во англиската лига.
Сепак, капитенот на Англија тврди дека е исклучително среќен во Баерн и во моментов нема никаква намера да го напушти клубот, особено затоа што изгледа дека конечно ќе успее да го освои својот прв голем трофеј во кариерата.
Запрашан дали размислува еден ден да се врати во англиското првенство, Кејн одговори за „ЕСПН“:
„Не сум сигурен. Во текот на целата кариера велам дека не сум човек кој сака да размислува предолго однапред. Исклучително сум среќен овде. Мислам дека имаме фантастичен тим, фантастичен тренерски штаб и едноставно чувствувам дека, додека сум во најдобра форма, сакам да играм на највисоко можно ниво. А ова е највисокото.
Знам дека многу работи можат да се променат за кратко време во фудбалот, но мојот фокус е тука. Не размислувам за друга лига или друг клуб. Во фудбалот сакам само да се движам со текот на настаните, а во моментов тој тек ме води тука, во Баерн.
Мислам дека кога секоја сезона играш најголеми натпревари, тоа те издигнува на друго ниво. И во Тотенхем имавме такви моменти. Имавме неколку фантастични години, кога се боревме за трофеи и игравме во финале на Лигата на шампионите. Но, тоа не беше континуирано, не беше секоја година. Ова ми е втора сезона во Баерн и повторно имаме шанса да бидеме во полуфинале од ЛШ, а во исто време се бориме и за титулата. Баерн се смета за еден од најголемите клубови во светот и возбудливо е да се игра за него.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Штутгарт во финалето на германскиот Куп (ВИДЕО)
