
Работнички нема победа два и пол месеци. „Романтичарите“ имаат безброј ремија, ретко губат, но уште поретко победуваат оваа сезона. А така не се собираат доволно бодови на првенствената табела. Токму затоа денеска (13 часот) императив за избраниците на Ратко Достаниќ е да се оствари триумф над Пелистер во 14.коло од Првата фудбалска лига.
Пелистер е разнишан, исто така одамна нема „помирисано“ победа во елитната конкуренција, а тренерот Зоран Штерјовски поднесе оставка по серијата слаби резултати. На денешниот меч тимот ќе го предводи асистентот Димитар Капинковски. Битолскиот тим се надева дека конечно ќе одигра според капацитетот што поседува и дека ќе успее да слави.
Вардар нанижа две победи по ред и во малку порекласирана атмосфера составот на Александар Васоски денеска патува за Кратово на дуел со Силекс. Но, тоа не значи дека нема да се обиде и третпат во низа да грабне „тројка“ од првенствените мечеви. Силекс исто така живна со триумфот над Пелистер во Битола, па се очекува интересна пресметка.
Академија Пандев на домашен терен ја пречекува Ренова. Тимот на Југослав Тренчовски мора да покаже дел од потенцијалот затоа што дното е се поблиску. Ренова тргна еден чекор напред со Ќатип Османи кој се врати на клупата, но се уште е тоа далеку од позициите кои ги посакуваат „гипсарите“.
Во Велес, Борец е домаќин на Струга Трим Лум. Двата тима имаат одличен старт на сезоната, ќе се обидат да дополнат уште некој бод на контото.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
