
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во септември ќе ги започне квалификациите за Европското првенство. Вчера во Нион беше извлечена групата, во која покрај Македонија, ќе се натпреваруваат и Полска, Шведска, Ерменија, Црна Гора и Италија, која важи за фаворит.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на гости против Полска, а потоа ќе го пречека тимот на Италија на домашен терен. Денеска од Фудбалската федерација на Македонија соопштија дека сите домашни натпревари во овие квалификации ќе се играат во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“.
Оваа одлука беше донесена на заеднички состанок меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФК Пелистер, како и неколку водечки личности од битолскиот фудбал – Митко Стојковски, Тони Мицевски, Сашо Здравески и Ванчо Мицевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
