Искусниот уругвајски фудбалер Единсон Кавани се опорави од повредата и ќе биде во комбинација за утрeшниот натпревар на Манчестер Јунајтед против Астон Вила на „Олд Трафорд“. Кавани пропушти шест од првите седум натпревари на Јунајтед оваа сезона и сега ќе се обиде да се избори за место во тимот.
Информациите за враќањето на Кавани ги потврди менаџерот Оле Гунар Солскјер.
„Утре ќе биде во тимот, тренираше и се чувствува подготвен да придонесе. Тој влезе против Вулверхемптон, а потоа ја почувствува напнатоста за време на репрезентативната пауза, но сега повторно е добро“, изјави Солскјер.
Тој ја пофали неговата работа на тренинзите со надеж дека ќе има влијание врз тимот какво што имаше и минатата сезона, а исто така ја поздрави можноста Уругваецот да заигра во тандем со Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













