
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е подготвен да прифати намалување на платата за да прејде во Барселона во јануарскиот преоден рок. Каталонскиот гигант е заинтересиран да го доведе Уругваецот на „Камп Ноу“ на позајмица на шест месеци, а тренерот Чави Хернандез лично побара негов трансфер.
Кавани му се приклучи на Манчестер Јунајтед на почетокот на минатата сезона и одигра важна улога „црвените ѓаволи“ да завршат на второто место во Премиер – лигата минатата година. Постигна 17 гола во сите натпреварувања и потпиша нов едногодишен договор.
34-годишниот напаѓач добива многу малку минути во тимот во последните месеци, а се се промени откако на „Олд Трафорд“ се врати Кристијано Роналдо.
Договорот на Кавани истекува на крајот од сезоната, а Барселона сака да го добие оваа зима. Кавани ќе треба да се сложи на значително намалување на платата, но е чини дека е подготвен на таков чекор само за да се врати во вистински натпреварувачки ритам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
