
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани, ја одби понудата да прејде во Бока Јуниорс во јануари. Аргентинскиот гигант долго време се обидува да го привлече Уругваецот, но уште еднаш доби негативен одговор во обидот да го доведе на „Ла Бомбоњера“.
34-годишниот ветеран минатото лето беше пред трансфер во Бока, но во последен момент избра да потпише нов договор со Јунајтед на уште 12 месеци. Сега Аргентинците повторно стапиле во контакт со Уругваецот, но добиле уште едно „не“. Овојпат причината е тоа што Кавани гледа кон Барселона.
Тимот од „Камп Ноу“ преговара со напаѓачот за трансфер во јануари. Каталонците итно бараат замена за Серхио Агуеро кој се откажа од фудбалот, а сметаат дека Кавани е одлична опција. И самиот фудбалер е во искушение од можноста да го облече дресот на Барса и се чини дека зделката е пред реализација во наредните недели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
