
Ќатип Османи веќе не е тренер на Струга Трим Лум. По серијата на слаби резултати, особено на стартот на пролетниот дел од сезоната, стратегот си поднесе оставка, која е прифатена од управата на клубот.
Струга ТЛ во првото пролетно коло загуби од Гостивар во Скопје со 1-0, а денеска доживеа пораз и од Вардар (0-2) на домашен терен.
Османи ја презеде Струга Трим Лум во мај минатата година и за време на неговиот мандат го водеше тимот на 26 натпревари – 20 во првенството, два во Купот на Македонија, два во квалификациите за Лигата на шампионите и два во квалификациите за Конференциската лига. Под негово водство, тимот оствари 12 победи, пет нерешени резултати и девет порази.
Во наредните денови, раководството на Струга Трим Лум ќе одлучи кој ќе биде неговиот наследник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
