Connect with us

Каталонците се гневни: Дали судијата му помогна на Реал Мадрид? (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја победи Барселона со 4-0 во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот и се пласираше во финалето. Првиот гол беше постигнат во последните секунди од првото полувреме, а другите три дојдоа по паузата.


Сепак, дуелот можеше да се развие на сосема поинаков начин поради контроверзната ситуација на самиот почеток. Во третата минута, нафрли Гави, топката удри во раката на дефанзивецот на „белите“ Давид Алаба, кој беше во шеснаесетникот. Сепак, судијата Хуан Мартинез Мунуера одлучи дека тоа не треба да биде пенал.

Каталонците се бесни поради недобиениот удар од белата точка и потенцијален гол би ги довел до вкупни 2-0 во раната фаза од реваншот.

Според поранешниот шпански судија Едуардо Итуралде Гонзалес, судијата донел правилна одлука во овој случај. Тој објасни дека во оваа ситуација топката удира во потпорната рака на Алаба, кој паѓа на земја. Ако ударот беше во другата рака, требаше да биде досуден пенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови