
Еспањол го сопре налетот на Барселона играјќи 2-2 во каталонското дерби. Но, тимот на Висенте Морено може да жали за победата затоа што имаше водство до последите мигови од судиското продолжение. Тогаш Лук де Јонг успеа постигне гол за израмнување и да донесе бод за Барселона.
Педри уште во втората минута донесе предност за Барселона на овој дуел, но Еспањол не потклекна пред составот на Чави Хернандез.
Серхи Дардер во 40.минута го израмни резултатот, а Раул де Томас во 64.минута се погрижи за целосен пресврт.
Во завршницата имаше и тензии, па исклучени беа Жерар Пике и Нико Деламед. И кога сите очекуваа крај, во шестата минута од судиското продолжение, Лук де Јонг постигна израмнувачки погодок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда
