Connect with us

Кашемиро: Не игравме добро и нема оправдување за тоа

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кашемиро, призна дека неговиот тим не одиграл добро на реваншот против Севилја (0-3) во четвртфиналето на Лига Европа. Тој изјави дека нема оправдување за таквиот настап, по што „црвените ѓаволи“ се простија од натпреварувањето и од надежите на трофејот.


„Севилја беше подобриот тим од почетокот до крајот. Ако зборуваме за двата натпревари, мислам дека можевме да постигнеме подобар резултат на „Олд Трафорд“, бидејќи тогаш игравме добро и имавме шанси да постигнеме три или четири гола и да решиме сѐ. Немаме оправдување за овој пораз. Ние сме Манчестер Јунајтед и тоа е неприфатливо. Знаевме дека нѐ очекува тежок натпревар овде, дури и кога не им одеше добро во лигата. Поентата е што ние не бевме на потребното ниво“, изјави Кашемиро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови