Connect with us

Касано во негов стил: Интер да игра и со седуммина младинци, нема да испадне од Милан

Поранешниот напаѓач на Милан и на Интер, контроверзниот Антонио Касано, изјави дека „нероаѕурите“ дури и да играат со седуммина младинци, тешко дека ќе бидат елиминирани од „росонерите“ на вечерашниот реванш натпревар од Лигата на шампионите.


„Интер мора да игра со седум младинци за да испадне. Па, и тогаш не се знае. А и во таква ситуација постои ризик Милан да не може да ги скрши. Со или без Леао, ова е многу мала промена бидејќи Милан е едноставно слаб. Португалецот не е ниту Кака ниту Роналдињо, воопшто не го гледам на тоа ниво. Според мене, мора да има некаква катастрофа за Интер да испадне. По првата средба, по победата од два гола на минатиот меч, Милан нема шанси. Можеби уште еднаш давам погрешно предвидување, ќе видиме“, изјави Касано за подкастот на BoboTV.

Во првиот меч Стефано Пиоли не можеше да смета на Рафаел Леао, а на почетокот на мечот се повреди и Исмаел Бенасер, што дополнително ги зголеми шансите на нивниот противник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови