
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е во завршни преговори за враќање во Реал Мадрид. Претседателот Флорентино Перез веднаш откако Зинедин Зидан одлучи да се повлече од кормилото го контактирал Анчелоти со кого се уште е во одлични односи и му понудил да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Со оглед дека понуда од „кралскиот клуб“ не се одбива, Анчелоти е многу блиску до камбек.
Информациите од Мадрид говорат дека сите детали би можеле да бидат договорени уште вечерва.
Анчелоти има актуелен договор со англискиот премиерлигаш Евертон, но клубот нема да му прави проблеми доколку сака да се врати на „Бернабеу“. Од Островот доаѓаат најави дека Евертон веќе е во потрага по нов менаџер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
