Македонскиот прволигаш Работнички успеа да обезбеди големо засилување во пресрет на стартот на вториот дел од сезоната во Првата лига. Нов играч на Работнички е Валон Ахмеди (30) кој доаѓа како слободен агент меѓу „романтичарите“.
Ахмеди е офанзивен играч за врска, кој може да игра и на крилните позиции. Во кариерата има настапувано за Судтирол, Целје, Марибор, Кирјан Шмона, Интер Запрешиќ, Шкендија, Шахтер Солигорск.
Ангажманот на Валон Ахмеди може да биде капитално засилување за Работнички во трката за шампионската титула и излез во Европа.
„Романтичарите“ оваа зима ги продадоа Али Регба во Марибор и Атдхе Мазари во Вараждин, но ги ангажираа Анес Рушевиќ и Валон Ахмеди во навалната линија. Покрај тоа, Работнички се засили и со Миле Тодоров во средниот ред, Медин Бајрами во одбраната, а од позајмица се врати и младинскиот репрезентативец Матеј Ангелов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













