
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат два натпревари на гости, против Холандија и против Гибралтар, во квалификациите за ЕП. Селекторот Драган Канатларовски истакна дека овие два меча се одлична можност за репрезентативците да се прикажат во добро издание.
„Холандија има силна репрезентација и ќе се обидеме да одиграме еден квалитетен натпревар и секој позитивен резултат е добродојден. Во овие репрезентатитивци има сила и капацитет. Квалитетот на противникот ни дава една убава можност да се покажеме во добро светло, да дадеме сѐ од себе и секој од нас очекува позитивен резултат“, изјави Канатларовски.
„За вториот меч сме поквалитетни, но секогаш однапред добиените натпревари се најтешки и се сопнуваме на рамно. Сигурно дека нема да го дозволиме тоа. Верувам дека ќе го дадеме максимумот и очекувам победа“, истакна селекторот на Македонија до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
