
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (17 часот) во Зимбру го игра третиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство. Да се победи Молдавија веројатно е малку полесна задача од претходните дуели со Шведска и со Холандија, но исто така и обврска за младите фудбалери, ако сакаат да бидат конкурентни за врвот на табелата во групата.
По триумфот против Шведска (0-1) на гости и поразот од Холандија (0-2) во Скопје, избраниците на селекторот Драган Канатларовски се наоѓаат пред нов предизвик.
„Пред нас имаме нов предизвик, нов натпревар од квалификациите против репрезентацијата на Молдавија. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и со позитивен резултат ќе се вратиме дома. Дуелот против Молдавија е од огромно значење за нас. Доколку сакаме да бидеме на едно од првите две места во нашата група, овој меч мора да се добие“, истакнува Канатларовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
