Connect with us

Камавинга ќе ги предводи младите Французи на гостувањето во Скопје

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе се соочи со големи предизвици во ноемвриската квалификациска сесија од циклусот на ЕП 2023.


Селекторот Канатларовски веќе го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Украина на 11. ноември и против Франција пет дена подоцна. Домаќини сме и на двата натпревари, првиот ќе се одигра на комплексот на ФФМ, а вториот со Франција на Националната арена „Тодор Проески“.

Французите доаѓаат во најсилен состав, предводени од ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга.

Францускиот селектор Силваин Раипол го објави списокот на повикани играчи, а него е најголемата ѕвезда. Тој веднаш по првиот натпревар меѓу Франција и Македонија, направи трансфер вреден 30 милиони евра од Рен во Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови