Македонскиот репрезентативец Енис Барди повеќе од еден месец е надвор од терените поради повредата на ’рбетот, но ги собира плодовите на одличните игри. Тој е статистички најдобриот изведувач на слободни удари во светот. Подобар дури и од Лионел Меси, најдобриот играч во Ла Лига и неколкукратен освојувач на „Златната топка“.
Статистиката вели дека Барди и Меси имаат постигнато најмногу голови од слободен удар во Ла Лига. Енис Барди шестпати ги тресел мрежите од слободен удар и за тоа му биле потребни 22 обиди, додека Лионел Меси има еден гол повеќе од прекин, но од дури 58 обиди.
Енис Барди е цел на Њукасл и на Арсенал и во зимскиот преоден рок би можел да направи трансфер во Премиер – лигата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












