
Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски натпревар во Гент и освои бод од огромна вредност против Белгија (0-0). Со ова реми, „црвено-жолтите“ остануваат на првото место во квалификациската група Ј и сè уште се во игра за директен пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Нашата селекција одигра организирано, борбено и дисциплинирано, посебно во одбраната, и успеа да го задржи фаворитот без постигнат гол. Тоа беше еден од најтешките натпревари во циклусот, но момците покажаа карактер и големо срце.
Македонија по шест одиграни натпревари има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат по еден меч помалку. Токму нивниот меѓусебен дуел во Кардиф ќе биде клучен за расплетот во групата.
Математиката е јасна:
Најповолен резултат за Македонија е победа на Велс. Во тој случај, со триумфи против Казахстан во Скопје и Велс на гости, ќе го задржиме првото место и директно ќе патуваме на Мундијалот.
Во случај на реми или победа на Белгија, „црвените ѓаволи“ би ја презеле лидерската позиција, но Македонија со две победи сè уште би можела да обезбеди второ место и место во баражот.
Да се потсетиме – нашата репрезентација веќе има обезбедено бараж преку Лигата на нации, но влез преку квалификациите би ни овозможил полесен противник и подобра позиција во ждрепката.
Следниот натпревар Македонија го игра во понеделник во Скопје против Казахстан (20:45 ч.), а потоа следува големото гостување во Велс на 18 ноември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Евро-фудбал
Одегард е посериозно повреден?

Евро-фудбал
Французите останаа без Мбапе за мечот со Исланд
