
Јувентус во последен час избегна пораз на гостувањето против Аталанта во Бергамо. Бразилецот Данило во судиското продолжение постигна гол за израмнување (1-1) и за задржување на четвртата позиција на табелата.
Малинковски со проектил од 30 метри ја доведе Аталанта во водство во 76.минута. Шчешни беше немоќен да го одбрани силниот удар на украинскиот интернационалец. Хатебур ја погоди гредата на асистенција на Малиновски, а на крајот Јувентус сепак успеа да извлече бод од ова дерби.
Јувентус има 46 бода, два повеќе од Аталанта која има одиграно еден меч помалку во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда
