Connect with us

Јувентус сака да го откупи договорот на Милик

Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака да го откупи договорот на полскиот интернационалец Аркадиуш Милик. Тој дојде на позајмица од Олимпик Марсеј, но „старата дама“ сака комплетно да го откупи. Според клаузулата, Јуве треба да плати 7 милиони евра, плус 2 милиони како бонуси.


Полскиот напаѓач ќе добие договор во Јувентус до 2026 година со плата од 3 милиони евра по сезона. Претходно и самиот Милик изрази желба кариерата да ја продолжи во Јувентус.

28-годишниот фудбалер оваа сезона има 18 настапи за клубот од Торино и постигна седум гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови