Connect with us

Јувентус пријави рекордна загуба во Серија А

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус пријави загуба од 254,3 милиони евра за сезоната 2021/22, што претставува најголема загуба во историјата на Серија А. „Бјанконерите“ на тој начин го заменија Интер од врвот, кој минатата година пријави загуба од 245,6 милиони евра.


На овој начин Јувентус ја врза петтата сезона во која заврши во минус, што е факт кој секако не може да ги задоволи навивачите на овој клуб.


Јуве ја заврши сезоната 2017/18 со загуба од 19 милиони, една година подоцна бројката беше 40 милиони. Во сезоната 2019/20 минусот беше 90 милиони, додека лани е забележана загуба од 210 милиони евра.


На драстичното зголемување на бројките во последните години најмногу влијаеше пандемијата Ковид-19, но и дополнителните трошоци.


Во последните две сезони „старата дама“ не го освои „скудетото“, а во последните три во Лигата на шампионите заврши во осминафиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови