Италијанскиот првак Јувентус донел одлука да не го откупува договорот на Алваро Мората и тој по завршувањето на сезоната ќе мора да се врати во Атлетико Мадрид, открива шпанскиот „АС“. Напаѓачот дојде на едногодишна позајмица во Торино, Јувентус за тоа плати 10 милиони евра, а постои опција и уште еднаш да ја повтори истата зделка за нови 10 милиони евра, или пак комплетно да го откупи договорот за сума од 45 милиони евра.
Сепак, Јувентус најавува комплетно реновирање на тимот, ќе заминат и Алваро Мората и Пауло Дибала, а на трансфер – листа би требало да биде и Кристијано Роналдо, иако потпретседателот Павел Недвед најави дека Португалецот ќе остане во Торино до крајот на договорот.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












