Фудбалерите на Астон Вила и Јувентус одиграа без голови (0-0) во петтото коло од Лигата на шампионите, а гостите од Торино можеа да дојдат до целосен плен ако имаа малку повеќе среќа во 66. минута.
По еден корнер, Франциско Консеисао шутираше со глава од близина, но голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, на чудесен начин ја одбрани топката.

Тоа беше неверојатна интервенција на аргентинскиот чувар на мрежата, кој покажа извонредни рефлекси, но дури забавената снимка и гол-лајн технологијата открија колку среќа имаше.
Како што може да се види, милиметрите ги спасија домаќините, а Јувентус остана без гол, бидејќи топката не ја прејде целосно гол-линијата.
Натпреварот заврши 0-0, а со освоениот бод може да бидат задоволни двете екипи, особено гостите од Торино, кои настапија во Бирмингем без половина тим и одиграа многу добар натпревар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













