Јувентус продолжува со напорите за засилување на одбраната, откако не успеа да ги донесе Роналд Араухо од Барселона и Фикајо Томори од Милан. Сега, клубот ги насочи погледите кон играчи од Премиер – лигата.
Според информациите од Италија, „старата дама“ започнала преговори со Њукасл за дефанзивецот Лојд Кели. Првичното барање за позајмица со опција за откуп било одбиено од страна на „чавките“, но Јувентус планира да достави нова понуда во висина од околу 15 милиони евра.
Сепак, Њукасл неодамна одби понуда од 13 милиони евра од Фенербахче за 26-годишниот Кели, а се верува дека неговата цена изнесува околу 30 милиони евра.
Во меѓувреме, Јувентус работи на ангажирање на уште еден дефанзивец, Ренато Веига од Челси. Клубот веќе ги започнал преговорите за 21-годишниот играч, но ќе мора да се соочи со конкуренција од Борусија Дортмунд, која исто така има интерес и одредено време е во контакт со лондонскиот клуб.
Јувентус ќе се обиде да ги затвори овие трансфери што е можно побрзо за да ја засили својата одбрана пред продолжението на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













