
Јувентус пред две сезони го врати во своите редови шпанскиот напаѓач Алваро Мората. Тој дојде на позајмица со право на откуп од Атлетико Мадрид. Позајмицата на Шпанецот истекува следното лето, па време е Јувентус да ја донесе конечната одлука за откуп на договорот.
Мората во вториот мандат одигра 56 натпревари за Јувентус и постигна 16 гола, што не се импресивни бројки за напаѓачот, но раководството на торинскиот клуб сака да остане, но и не според однапред договорените услови со Атлетико Мадрид.
Според договорот за позајмица, откупната цена на Мората е 35 милиони евра, но Јувентус не сака да плати толку пари за напаѓачот. Италијанскиот клуб е подготвен да одвои најмногу 15 милиони евра со бонуси за услугите на Мората.
Исходот од трансферот на Мората во Јувентус го следи и Барселона, која појави интерес за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
