Connect with us

Јувентус ќе му понуди нов договор на Федерико Киеза

Јувентус планира да започне преговори за ново продолжување на договорот на напаѓачот Федерико Киеза во наредните недели, пренесува „Тутомеркато“. Фудбалерот има договор до 2025 година и клубот сака да биде сигурен дека нема да има опција тој да замине како слободен играч. Затоа, планот е што поскоро да му го продолжи договорот.


Двете страни веќе имаа разговори на оваа тема, но допрва треба да постигнат договор. Идејата на шефовите на Јуве е засега да му понудат краткорочно продолжување на договорот на играчот, а во подоцнежна фаза, кога ќе биде подобра финансиската состојба на клубот, да понудат долгорочен договор.

Понудата до Киеза ќе биде со слични параметри како оние предвидени во неговиот актуелен договор. Платата на играчот повторно ќе биде во износ од 5 милиони евра годишно, но во првата прилика клубот ќе се обиде да ја зголеми кога тоа ќе го дозволат условите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови