Connect with us

Јувентус ќе биде силна конкуренција на Милан за трансферот на Ренато Санчес

Португалскиот интернационалец Ренато Санчес ја реафирмираше својата кариера во дресот на францускиот Лил, а одлично игра и во националниот тим. Тоа будно го следи директорот на Милан, Паоло Малдини, кој сака да го доведе на „Сан Сиро“ по завршувањето на сезоната, најверојатно како замена за Франк Кеси.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска има преголеми побарувања за нов договор што Милан во овој момент не би можел да ги исполни и се поизгледно е негово заминување од клубот.

Но, Милан добива конкуренција. За Ренато Санчес сериозен интерес сега покажува и Јувентус. Тренерот Масимилијано Алегри исто така сака да направи голема реконструкција во средниот ред на „старата дама“, а Португалецот се наоѓа како една од приоритетните желби на неговиот список.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови